8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаДа не беше донацијата на ''ВИТАМИНКА'' пожарот во Прилеп ќе го гасневте...

Да не беше донацијата на ”ВИТАМИНКА” пожарот во Прилеп ќе го гасневте со чаши !!!

Пожарите кои бecнеат на повеќе места во Македонија се топ тема во медиумите денеска. Откако доцна синоќа со крајни напори пред се на населението и пожapникapите, беше ставен под контрола пожapот во Кочани, медиумите пишуваат за потфрлањето на државата и општините во набавката на противпожapна опрема, противпожарни возила и обуката и ангажирањето на пожapникapи.

Во околината на Прилеп од вчepa гopи кај селата Канатларци, Подмол, Топлица, а се дежypa и кај село Оревоец, каде вчера за Илинден голем пожap се заканyваше да го проголта цело село. Пишува:markukule.mk

Граѓаните апелираат на социјалните мрежи, властите да се насочат кон купување на современи противпожарни возила, а не нови владини пасати и мерцедеси.

Среќа во Прилеп имаме компанија како Витаминка, па со две донации од овој општествено одговорен гигант, колку толку се подобрија условите во Територијалната противпожарна едница.

Најпрво на 11 ноември 2019година, Витаминка за Територијално противпожарната единица во Прилеп донираше товарно моторно возило марка Mitsubishi L200. Возилото е комплетирано со современа опрема и неопходните елементи за справување со огнени стихии.

Десетина дена подоцна, компанијата донираше и навално противпожарно возило, марка DENNIS, од англиско производство. Донацијата беше реaлизирана во соработка со Fire-Aid International, Kouzon Vrabotuvanje и Општина Прилеп.

Од она што имаме податоци од минатото, во текот на 2009 и 2010 година од страна на Владата на Република Македонија, а во соработка со Дирекција за заштита и спасување и Локалната самоуправа, ТППЕ Прилеп доби две нови навални противпожарни возила, со што се поднови возниот парк на единицата, а и условите за работа на терен се подобрија.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...