9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПехчево моли за помош, одекнуваат црковните ѕвона. (ВИДЕО)

Пехчево моли за помош, одекнуваат црковните ѕвона. (ВИДЕО)

spot_imgspot_img

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа каде јасно се гледа пожарот кој моментално беснее во Пехчево.

Голем пожар попладнево го зафати Пехчево. Гори шумата над градот, а како што велат граѓани, се шири кон Берово. Иако властите уверуваат дека состојбата е под контрола, сепак локалните жители на Пехчево се жалат од големите пожари и бараат помош.

Градоначалникот на Пехчево Звонко Пекевски на својот фејсбук профил напиша дека ситуацијата е сериозна и огнот се шири кон најблиските села.

– Пожарот е високо на шумските предели на селата, но се шири на голема површина. На терен се пожарните единици од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Се апелира до месното население кон масовно вклучување во гаснењето на пожарот, како би се намалиле последиците и штетите би биле помали“, напиша Пекевски на Фејсбук.

Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...