9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСила сме: Докторот што ја сликаше погрешната табла доби отказ.

Сила сме: Докторот што ја сликаше погрешната табла доби отказ.

Во изјавата тој вели дека формално-правно во отказот му пишува дека изостанал три работни дена…


Долгогодишниот невролог, доктор Мирослав Гроздановски, кој пред еден месец ја фотографираше погрешно испишаната табла за „дерматовенерологија“ во поликлиниката „Букурешт“, а која подоцна осамна на социјалните мрежи и предизвика јавен потсмев, заработи отказ на три години до пензионирањето, објави „Слободен печат“.

Како што пишува медиумот, сомнежот на докторот е дека токму тоа што го обелоденил навидум наивниот настан со погрешно испишаната табла, претставувало основа да биде отпуштен од работа.

Во изјавата тој вели дека формално-правно во отказот му пишува дека изостанал три работни дена.

„Дојдов во ’Букурешт‘ додека бев на одмор во петокот и бев блокиран, не можев да влезам во системот. Веќе ме префрлиле на ’Бит Пазар‘. Од понеделникот, се разбира, не отидов на ’Бит Пазар‘ и веднаш ми дале отказ и ме одјавија, така што сега сум невработен доктор специјалист по неврологија на три години пред пензија“,

вели докторот во изјавата.
По објавувањето на погрешно напишаната табла, Гроздановски, беше прераспределен на работа од „Букурешт“ во Поликлиниката „Бит Пазар“. Тој и тогаш имаше изјава во која изрази сомнеж дека причината за прераспределувањето е таблата, додека директорот на Здравствениот дом-Скопје, доктор Виктор Исијановски, тогаш изјави дека прераспределбата не е резултат на направената фотографија од несоодветната табла.

Целата изјава на Гроздановски можете да ја прочитате тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...