11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСтојанче: Не постои хеликоптер кој гасни пожар во ноќно време...

Стојанче: Не постои хеликоптер кој гасни пожар во ноќно време…

spot_imgspot_img

„Паничното барање хеликоптери од ‘стручни лица’ создава само паника. Верувајте,
преземаме сè што би презел секој ваков центар“, изјави директорот на ЦУК – Стојанче
Ангелов, на прес-конференцијата по повод состојбата со пожарите во државава.

 

За критиките околу употребата на хеликоптерите само во соодветни услови, Ангелов
акцентира дека не постои хеликоптер, особено не во Европа, што може да гасне пожар ноќе.
„Хеликоптерите имаат лимит. Не само нашите, туку и српските, и француските, и
американските. Никаде во Европа не постои хеликоптер кој гасне ноќно време. Ова е
проверена информација. На хеликоптерите не можеме да сметаме откако ќе се намали
дневната светлина, тие мора да се вратат во база. Со нив управуваат луѓе чии животи ни се
важни“, рече Ангелов.

Утрово Ангелов леташе во еден од петте хеликоптери кои се упатија да го гаснат пожарот кај Пехчево. На социјалните мрежи тој вети вклучување во живо, доколку дозволуваат условите, за да ни овозможи, како што рече, да погледнеме како изгледа местото на пожарот и процесот на (денско, во случајов) гаснење од воздух. Еден час подоцна, Ангелов соопшти дека хеликоптерите почнале со гаснење на пожарот, но дека поради безбедносни причини и протоколи нема да се вклучи во живо..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...