9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДоаѓа спасот за Македонија: Романија ни испраќа авион за гаснење пожари со...

Доаѓа спасот за Македонија: Романија ни испраќа авион за гаснење пожари со огромен капацитет

По писменото барање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите – брза реакција и одлука од страна на нашиот НАТО сојузник, Романија.
Романија, донесе одлука да нè поддржи со авион за гаснење на пожари со поголем капацитет, соопшти Министерството за одбрана.

„Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски пожари, кои се од исклучителна потреба за Македонија. Сојузничката солидарност е многу важна во овие тешки времиња и ние сме благодарни за сета ваша помош и поддршка”, се вели во писмото кое го испрати министерката Шекеринска до романскиот министер за национална одбрана, Николае Јонел Чука.

Ова е уште еден позитивен одговор од НАТО сојузничка земја, по реакцијата на министерот за одбрана на Словенија која испрати пожарникари и противпожарни возила во опожарените подрачја низ Македонија и по помошта што ја испрати соседна Бугарија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...