6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДр Даниловски: Вирусот сега ќе си бара простор меѓу младите и невакцинираните

Др Даниловски: Вирусот сега ќе си бара простор меѓу младите и невакцинираните

Ова беше за очекување и сега ќе „догорува“ тоа што не „изгоре“ во претходните бранови, вели во изјавата за МКД.мк епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски по последните информации за удвојување на бројките на новозаразени лица со ковид-19.

„Останаа младите и други невакцинирани, како и вакцинираните со една доза. Вакцинираните се претежно меѓу повозрасните. Вирусот, затоа, ќе си бара простор за непречено ширење меѓу младите. Тие, по правило, прележуваат полесно“, вели Даниловски и додава дека иако бројот на новозаразените експоненцијално расте, важно е дека линиите на пораст на хоспитализираните и починатите нема да ја следат истата динамика.

Според него, бројот на хоспитализираните и починатите лица ќе расте со помало темпо.

„Би било препорачливо сега приоритетно да се довакцинираат возрасните преку 50 години и најприоритетно оние со хронични болести. Така ќе се намали уште повеќе притисокот врз болниците. За да се намали смртноста, најприоритетно Лекарската комора да подготви протоколи за третман на болни од ковид-19, на сите нивоа на здравствена заштита. Минитерството за здравство да се погрижи тие протоколи да се применуваат од страна на сите здравствени установи – на сите нивоа. Се разбира, ако почне да се заканува преполнување на болниците, ќе бидат потребни и одредени рестриктивни мерки во врска со ограничување на бројот во угостителски објекти, автобуси, спортски натпревари…“, вели во изјавата за МКД.мк професорот Даниловски.

А.Д.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...