15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаТатко и син од Гостивар доброволно изградија влезна порта со крст за...

Татко и син од Гостивар доброволно изградија влезна порта со крст за црквата „Свети Мина”.

Љупче и Томче Михајлоски, татко и син кои живеат во Гостивар со сопствени средства и труд изминатиов период ја имаат изградено новата влезна порта со крст за црквата „Свети Мина” во тетовска Волковија.

Членовите на црковниот одбор при храмот Свети Мина одлучиле да се најдат мајстори кои би ја изработиле портата со крст, а двајцата гостиварчани кои потекнуваат од Волковија се понудиле самите да ги изработат како донација за црквата.

-Тие кога разбраа за потребата и идејата да се изработи влезна порта и да се постави крст самите се нафатија со сопствени средства и работа да ги направат. Како сите верници се одлучија да донираат средства и труд за здравје на нивното семејство. Ние како црковен одбор изразуваме голема благодарност до ценетото семејство за подарениот крст и влезна порта. Доброто со добро да им се врати и да видат од Бога благословени, истакна Сашо Илиевски, член на црковниот одбори при храмот „Свети Мина” во Волковија.

Канал5

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...