14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаIN MEMORIAM: Почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија

IN MEMORIAM: Почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија

Сабина Ајрула Тозија, една од нашите најпознати актерки и доајен на театарската уметност во Македонија, почина на 75-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Меѓу позначајните нејзини улоги се Олга во „Чехов“, потоа Гертруда во „Хамлет“ и Фатима во „Солунски патрдии“, а во последните години беше позната и со свое учество во позната турска серија „Величествениот“. Потоа ја играше Лисијен во „Болва во уво“, Костадинка во „Јане Задрогаз“, Џеси во „Добра ноќ мајко“, Лаура во „Татко“, Лени во „Злостори на срцето“ и многу други, а како гостин учествуваше во проекти на Турската драма и на Драмата при МНТ.

Ајрула Тозија ќе остане незаборавен лик од театарската и филмска сцена во земјава и препознатлива со нејзиниот огромен талент и улоги кои оставија траен белег на македонското театарско небо. Во својата долгогодишна кариера соработуваше со повеќе реномирани македонски и странски режисери, а имаше улоги и со многу познати југословенски актери.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...