13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаБлагодарение на градоначалникот: Чичко Ѕвонко од Нов Истевник ќе добие нов дом

Благодарение на градоначалникот: Чичко Ѕвонко од Нов Истевник ќе добие нов дом

Чичко Ѕвонко од Нов Истевник ќе добие нов дом откако куќата му изгоре во пожарите. Локалната самоуправа почна со подготвките за израдба на нова куќа.

На чичко Ѕвонко, 58 годишниот жител на Нов Истевник кој остана без својот дом од пожарите, обезбедено му е сместување како и неопходни намирници.

Со акција на локалната самоуправа и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски веќе се расчистува и теренот, започнуваат подготовки за изградба на нов дом.

Денеска, во попладневните часови организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов, го посети Ѕвонко и неговиот имот кој беше зафатен од пожарот, како и повеќе други семејства од Истевник и други населени места од околината на Делчево кои претрпеа штети од пожарите.

„Сведоштвата, траумите, личните и семејни загуби кои ги претрпуваат жителите кои се соочија со пламените јазици се потресни, но државата, локалната власт, сите заедно сме тука за граѓаните и штетата ќе биде надоместена. Солидарното македонско општество, сите заедно, ќе ја надоместиме штета и во Нов Истевник и насекаде во државата“, рече Попов.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....