9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаИ покрај што Борче Стаменов од Кавадарци донира 1.000 компјутери за сиромашни...

И покрај што Борче Стаменов од Кавадарци донира 1.000 компјутери за сиромашни деца, многумина го осудија, а и самите не знаат зошто !!!

Минатата година Борче Стаменов скомно се надеваша дека до крајот на годината ќе стаса до 300 донирани компјутери, но тоа што тој го достигна ги намина неговите очекувања. Хуманиот кавадарчанец поправа и донира стари компјутери на семејства кои не можат да си дозволат да купат нови.

Идејата за овој хуман гест се јавила во 2016 година, а денес за иницијативата „Донирај Компјутер“ знае цела Македонија. Борче деновиве го испрати илијадитиот компјутер и можеме слободно да кажеме дека деновиве тој ја исцрта илјдитата насмевка на некое детско лице.

Во 2019 година Борче испратил околу 200 компјутери, а за нецели две години низ државата биле испратени 800 компјутери. Побарувачката значително се зголемила со појавата на пандемијата и почетокот на онлајн наставата.

За да се прослави ова достигнување Борче и неговиот тим на соработници организираат забава која ќе се оддржи на 29 август кај споменикот на 12-младинци во Кавадарци, поканети се сите, а на влезот наместо карти ќе се продаваат маички.

 

foto galama

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...