10.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаСветДецата од 4 години ќе одлучуваат кој пол сакаат да го имаат:...

Децата од 4 години ќе одлучуваат кој пол сакаат да го имаат: Најнова одлука во Шкотска

Децата на возраст од над четири години ќе можат да изберат пол во училиштата без согласност од родителите, предвидува новиот водич за инклузивна ЛГБТК + на шкотската влада.

Според новоо упатство на шкотската влада, секое дете што ќе одлучи да го промени полот мора да биде поддржано и сослушано во образовна институција, објави британски „Телеграф“.

Упатството важи во основните училишта, каде што најмалите деца имаат четири или пет години, бидејќи „препознавањето и развојот на целосниот идентитет може да се случи во најраното детство“, се наведува во него.

Според Дејли Меил, упатствата ги обврзуваат и наставниците да не ги прашуваат директно децата дали сакаат да живеат како момче или девојче, ако забележат таква тенденција, туку наместо тоа да ги прашаат за нивното име и заменката што сакаат да ја користат и со која треба им се обраќаат.

Основните и средните училишта, исто така, мора да стават учебници во кои има трансродови лица и да им овозможат на учениците да изберат која гардероба или тоалет сакаат да ги користат, како и да размислат за воведување родово неутрална униформа.

Меѓутоа, имаше критики во јавноста дека оваа инструкција е „шокантна“ и предизвикува загриженост дека на толку мали деца им е дозволено да донесуваат одлуки што го менуваат животот.

Пишува: Фактор Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...