5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветЕди Рама: Албанија ќе згрижи Авганистанци, тоа да го направи и Косово

Еди Рама: Албанија ќе згрижи Авганистанци, тоа да го направи и Косово

Премиерот Еди Рама ја потврди информацијата дека Албанија го прифатила барањето на САД да згрижи Авганистанци, чии животи се загрозени од талибанците.

-Вистина е, да, дека последните денови американската влада побара од Албанија да процени дали може да послужи како транзитна земја за одреден број авганистански политички имигранти, чија крајна дестинација се САД. И неспорно нема да кажеме не, не само затоа што тоа го бараат нашите големи сојузници, туку затоа што ние сме Албанија. Албанија е дом на Албанецот кој не ја треска вратата пред непознати луѓе што тропаат за заштита – рече Рама.

Тој додаде дека и Косово би требало позитивно да одговори на сместување на Авганистанците кои бегаат од својата држава, ако тоа го побара САД.

-На самитот реков дека по повлекувањето на своите војски, заедницата на демократската цивилизација на НАТО не може да ја остави на милост и немилост на триумфалните варвари, луѓе изложени како блиски поддржувачи на мировните мисии таму. И подвлеков со полна уста дека Албанија е подготвена да го преземе својот дел од товарот, што сите земји на НАТО мора да го поделат меѓу себе – порача Рама.
Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...