8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаНезависна советничка листа откако СДСМ не си ги исполни ветувањата

Независна советничка листа откако СДСМ не си ги исполни ветувањата

spot_imgspot_img

Иницијативата „Шанса за Центар“ најави независна советничка листа за претстојните локални избори на есен. Првичната цел на оваа иницијатива и на советничката листа е да се спречи натамошното уништување и да се вложи повеќе во квалитетот на животот на граѓаните – а не ги плаши ниту условот за собирање висок број потписи кои го најавија властите и тоа 2% од населението во дадената Општина.

Носителката на советничката листа, и некогашен носител на советничка листа на СДСМ во Општина Центар на локалните избори во 2017 година, Јана Белчева Андреевска конкретна – ова го прават за доброто на граѓаните, наспроти она што го прават партиите за личен профит. До толку повеќе се разочарани и од неисполнетите ветувања од страна на СДСМ, тогаш кога како граѓанска активистка беше носител на листата. Вели, само мал дел од проектите кои биле договорени се исполниле, а голем дел од плановите за подобрување на квалитетот на животот пропаднале.

„Главна цел на „Шанса за Центар“ ќе биде Општината да се развие по мерка на граѓаните, каде политиките ќе се носат отворено и ќе бидат базирани на анализи и податоци. Квалитетот на живот на граѓаните ќе биде појдовен принцип на делување на избраните советници“ – велат од Иницијатива.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...