15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаНовите рестрикции погубни за туристичката сезона

Новите рестрикции погубни за туристичката сезона

Од денеска стапуваат на сила новите рестриктивни мерки кои Владата ги воведува како заштита од корона вирусот во време кога стапката на вакцинирани се уште не е доволна за колективен имунитет, бројот на заразени расте а болниците се полнат. Сепак, новите рестрикции ќе бидат погубни за туристичката сезона, економијата и угостителскиот сектор – реагираат угостителите и туристичките работници.

Во шпицот на туристичката сезона засега и во земјата и во регионот сè се одвива според очекувањата на туристичките агенции и на угостителите. Но, соочени со доаѓањето нов бран ковид-19 тие најверојатно ќе бидат принудени да воведуваат ригорозни заштитни мерки. Тоа ќе ги урне надежите дека сезоната ќе биде толку успешна за да ја надокнади ланската загуба.

– Туристичката сезона не е ни приближно успешна како претходните години. Не очекувавме веднаш да биде сјајно, но навистина е тешко. Луѓето се финансиски истрошени, во сите дејности примањата беа или се уште се намалени, буџетот за одмор е намален, а капацитетите во туристичките објекти се поскапи, затоа што имаа голем пад на приходите во 2020 година – вели Марија Јовановска од туристичката агенција „Травити“ за Слободен Печат.

Од денеска во отворените делови на рестораните и објектите каде што присуствуваат над 30 лица ќе можат да влегуваат само оние со потврда за примена барем една доза вакцина.
Сепак, премиерот Заев вчера најави дека на денешниот состанок на Кризниот штаб ќе се разговара за воведување и некои дополнителни мерки како што се ПЦР тест за влез во угостителски објект наместо прва доза, додека граѓаните не се имунизираат. И министерот за економија Крешник Бектеши, најави дека е можно воведување ПЦР тест кој би важел дури 14 дена. Останува да видиме, дали мерките кои се на сила ќе бидат дополнети денеска по состанокот на Кризниот штаб.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...