14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаОд први септември, назад во училишните клупи?!

Од први септември, назад во училишните клупи?!

Се враќаат ли учениците од први септември во школските клупи. Главниот кризен штаб оцени дека има услови за такво нешто, но со одделни исклучоци. Кои се тие исклучоци, за сега не е познато.

На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата, кој го водеше премиерот Зоран Заев, оценето е дека се создадени услови почетокот на новата учебна година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во одлука што ќе биде донесена на наредната владина седница.

– Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на ГККШ, е големиот број вакцинирани наставници и училиштен кадар. Во моментов 60 проценти се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80 отсто вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата, информира владината прес-служба.

Во оваа насока се и протоколите изработени од епидемиолози, кои веќе се донесени за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата.

На состанокот беше заклучено дека и кај вработените во градинките и останатиот персонал продолжува вакцинацијата, а сега се вакцинирани 60 проценти, се додава владината прес-служба.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...