5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗабава"ДОБРО ВЕЧЕР ВАКЦИНИРАНИ“ - Дац и Александар се пошегуваа со гостите,

“ДОБРО ВЕЧЕР ВАКЦИНИРАНИ“ – Дац и Александар се пошегуваа со гостите,

Добро вечер вакцинирани“.

Со овие зборови популарното музичко дуо Дац и Александар го започнаа својот настап во еден од познатите скопски локали, пишува Фактор.

Тие кажаа дека ова е прв нивни перформанс во услови на новите мерки кои ги донесе Владата, а со кои се забранува влез на невакцинирани лица во угостителските објекти.

Познатото Дуо Драган Спасов Дац и Александар Митевски пред настапот се пошегуваа со гостите прашувајќи ги кој која вакцина ја примил, а една од песните на нивниот репертоар беше токму нивната популарна песна „Вакцина“, која како и вообичаено, предизвика расположение и смеење кај гостите.

Инаку, новите мерки влијаеја угостителските објекти во последниве два дена да не бидат исполнети со гости како претходно, односно да работат речиси полупразни, со оглед на условите кои мора да се исполнат.

Кога се влегува во било кој локал, вработените или редарите учтиво ги замолуваат посетителите да покажат потврда дека примиле вакцина.

Како што е познато, почнувајќи од понеделникот, за да влезете во било кој локал, кафуле или ресторан, мора да приложите или вакцинален сертификат, или потврда дека сте ја прележале болеста, но не повеќе од последните 45 дена. Истото важи и за сите јавни настани, односно свадбени веселби, посета на театри, кина и слично.

Како што е познато, од вчера не е дозволен влез на невакцинирани во шопинг молови, обложувалници и казина.

Дел од граѓаните кои се уште не се имунизирани жестоко рееагираат на ваквите мерки, велејќи дека на овој начин се прави дискриминација меѓу граѓаните и се кршат правата на оние што не секаат да се имунизираат.
Извор Фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...