13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаДо вчера ги броевме гостите, од денеска ќе ги бараме: Угостителите револтирани...

До вчера ги броевме гостите, од денеска ќе ги бараме: Угостителите револтирани од новите мерки на Владата

Угостителите и граѓаните не успеаја ниту да се соземат од шокот и навикнат на новите мерки за заштита од Ковид кои Владата ги донесе пред десетина дена, но од денес имаат нов шок и ќе мора да ги практикуваат новите поригорозни мерки за влез во објекти.
Од денеска во угостителските објекти, кафулињата, баровите и рестораните, ќе можат да влезат само оние што се вакцинирани со најмалку прва доза вакцина или пак прележале Ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето за полнолетни лица, без оглед на капацитетот и бројот на присутни гости.ММС вчера посети неколку ресторани и кафулиња кои во последните два дена се обидуваа да ги практикуваат мерките кои им дозволуваа да се адаптираат на бројот на гости. Ако во објектот имаше капацитет до 30 лица, мерките не важеа па угостителите решија да работат со намален капацитет иако имаат повеќе место, за да не ангажираат редари на вратите кои би ги проверувале.

Вие сте двајца така? Чекајте повторно да избројам. Со вас ми е 31 гостин, не може, почекајте секунда. Еве само што станаа тројца гости, може да седнете и ќе бидеме полни. Овие два дена важеше едно правило, од утре друго. Од утре ве примам само со вакцина без разлика на капацитетот на гости. Ако стане гужва, ќе морам да ангажирам и редар кој ќе ги проверува сертификатите. До вчера ги броевме гостите, а од утре ќе ги бараме со боринче затоа што има многу клиенти кои не се вакцинирани – истакна сопственик на ресторан.

Проблеми се јавиле и во банките. Некои клиенти на една од најголемите банки во Македонија не биле пуштени да ги користат услугите на шалтерите затоа што не биле вакцинирани иако во просторот имало помалку од 30 луѓе. По реакциите на клиентите, менаџментот на банката им се извинил за пропустот направен на првиот ден по донесувањето на мерките за заштита.

Lider

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...