15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Бесплатен ПЦР тест за бегалците од Авганистан.

Заев: Бесплатен ПЦР тест за бегалците од Авганистан.

Нема бран на бегалци, терористи или какви било слични заплашувања кон државата. Се работи за тоа дали сме луѓе или не сме. Скопје има примено помош од секаде, а Авганистан е еден од првите донатори по земјотресот во 1963 година, вака премиерот Заев го оправдува примањето на 450 Авганистанци кои до крајот на неделава треба да пристигнат во земјава.

Одговарајќи на новинарско прашање Заев рече дека никој не побарал од нас да го сториме тоа, туку како држава сами сме се понудиле и сме биле меѓу првите заедно со Албанија.

– Се работи за луѓе кои биле соработнци на сојузничките армии во Авганистан, вклучувајќи ја и нашата која од 2002 е сојузник во сите мисии на НАТО таму. Се работи за миротворци, активисти за човекови права, новинари, студенти, жени. Секако како што соопшти владата ние веќе донесовме одлуки, ќе ги прифатиме сите граѓани кои доаѓаат по однапред определени списоци. Државата ќе го плати превозот од аеродромот до хотелите, а веќе има такви кои понудиле сместување. Ќе се овозможи бесплатна вакцинација на тие што немаат,  иако најголем дел од нив се вакцинирани бидејќи работеле во институциите, ќе има и бесплатен ПЦР тест и ќе им се овозможи здравствен преглед. Трошоците за сместување ќе ги плати САД, но Владата донесе одлука да преземе дел од трошоците, па тие после ќе бидат рефундирани, рече премиерот и потенцира оти граѓаните треба да бидат горди што учествуваме во ваква хуманитарна мисија.

Авганистанците ќе дојдат со повеќе летови, а можно е бројката деновиве да се зголеми, но за тоа премиерот вели јавноста навремено ќе биде информирана.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...