11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаУште 11 „свадбари“ од Тетово и Гостивар со решение за изолација побегнале...

Уште 11 „свадбари“ од Тетово и Гостивар со решение за изолација побегнале во странство

Полицијата денеска соопшти дека уште 11 лица од Гостивар и Тетово наместо да ја почитуваат мерката за изолација, ја напуштиле Македонија и ја напуштиле земјата.

„На 17.08.2021 во периодот од 10.00 до 22.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно девет лица од гостиварските села Градец, Добридол и Сенокосе, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата“, соопшти полицијата.

Седум се женски и две машки на возраст од 13 до 48 години, а против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.

„Во овој период, исто така, било утврдено дека две женски лица од Тетово на возраст од 20 и 51 година, со решенија за изолација, при контролата не се наоѓале во нивниoт дом, туку во угостителски објект, додека едно машко лице од тетовска Мала Речица на возраст од 27 години ја напуштило земјата“, информираат од МВР, од каде додаваат дека и против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера бројката беше четири лица од Гостивар и Тетово, кои наместо да ја почитуваат мерката за изолација, ја напуштиле Македонија и избегале во странство.
Фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Голем настан во чест на легендарниот музичар Тоше Проески ќе се одржи во Дом на млади во Штип, на шести јуни годинава. Како што...