16.3 C
Ohrid
понеделник, мај 16, 2022
Почетна Македонија Заев: Авганистанците ќе ги сместимме во хотел, па можно е ние да...

Заев: Авганистанците ќе ги сместимме во хотел, па можно е ние да го платиме сместувањето, но потоа Америка ќе ни ги врати парите..

Translate (Eng):[gtranslate]

Премиерот Зоран Заев денеска при посетата на Јегуновце рече дека е можно Владата прво да го плати сместувањето на 450-те Авганистанци што се очекува да бидат распоредени во хотели и мотели, пред да пристигнат парите од меѓународните организации и САД.

– Треба да има разбирање бидејќи станува збор за меѓународните плаќања, затоа ние ќе платиме првин, додека да завршат процедурите, рече Заев и додаде дела сите примени Авганистанци ќе нидат тука за времено сместување и дека станува збор за граѓани со демократски убедувања.

Засега 450 цивилни граѓани од Авганистан треба да се сместат во хотели и мотели во земјава, а според последната владина најава тие треба да стасаат во Македонија до крајот на неделава. Хотелиерите кои ги контактиравме малку знаат за оваа операција и велат дека не се контактирани за сместувањето. Тврдат дека секој сопственик сам треба да си одлучи дали ќе сместува гости од Авганистан и децидни се дека тоа треба да се плати.
Тој додаде дека сите досегашни планирани евакуации на македонски граѓани од Кабул се завршени и дека нема ниту еден загрозен наш државјанин.

„Најголемиот дел, преку 30 веќе се во британскиот Свинленд, над 20 се во Доха и ќе пристигнат преку Европа во Скопје, Последните планирани евакуаирани преку НАТО-базата веќе се наоѓаат во Осло“, информираше Заев.