6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаАсоцијацијата на спортски обложувалници бара државата итно да овозможи он-лајн игри на...

Асоцијацијата на спортски обложувалници бара државата итно да овозможи он-лајн игри на среќа

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) бара државата итно и трајно да овозможи он-лајн игри на среќа преку сајтовите на македонските лиценцирани обложувалници.
Пандемијата и мерките кои ги превзема државата за заштита од Ковид-19 сериозно влијаат на работата на спортските обложувалници. Конкретно, само во изминатите два дена драстично е намален прометот во објектите. Ние целосно ги разбираме и почитуваме мерките и протоколите за работа, но сето ова ги доведува во прашање опстанокот на бизнисот и ги загрозува работните места на вработените во спортските обложувалници. Од тука, сметаме дека он-лајн игрите на среќа се безбедно решение за играчите и одржливо решение за нашата индустрија која има силен социо-економски придонес во државната економија, особено во ситуација на актуелната пандемија со која се справуваат државата и светот“, велат од АСОМ.

Уредбата која Владата ја донесе минатата година, а со која времено се овозможи он-лајн игри на среќа преку македонските лиценцирани сајтови, велат од таму, се покажа како одлично решение за бизнисот и за државата. Уредбата придонесе спортските обложувалници да ги задржат сите вработени, но и да се овозможи прилив на средства во државниот буџет и кревката економија погодена од ковид кризата. Таа се покажа како одличен механизам за одржливост на оваа стопанска гранка која вработува околу 3.500 луѓе и придонесува во државниот буџет со над 250 милиони евра годишно.
Во периодот додека на важност беше Уредбата, според пресметките на АСОМ, од мај до декември 2020 година, од 4-те посто посебна давачка за он-лајн се слеале околу 35 милиони денари, а од 15-те посто данок на личен доход, околу 65 милиони денари, или вкупно 100 милиони денари за пет месеци, само од он-лајн. Перспективно, само од оваа услуга, државата би инкасирала многу поголеми средства во буџетот, потенцираат од Асоцијацијата.

Додаваат дека секоја година од индустријата на игри на среќа државниот и локалните буџети инкасираат повеќе од 250 милиони евра.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...