8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Ќе бараме начин граѓаните да можат да гласаат за изборите со...

Заев: Ќе бараме начин граѓаните да можат да гласаат за изборите со истечена лична карта

Поради недонесувањето на измените на Законот за лични карти, заглавени се барањата на над 40 илјади граѓани за нова лична карта и на дел нив веќе им се блокирани трансакциските сметки, а ако не се реши проблемот до октомври, тие нема да може да гласаат на локалните избори.
Премиерот Зоран Заев вели дека решението на ова прашање треба да се бара со почетокот на работата на парламентот да се изгласаат законските измени во септември или со донесување соодветни одлуки или правилници да се овозможи гласање со истечени лични карти.

„Законот е блокиран од Левица со амандмани, иако политичката партија БЕСА беше доволно флексибилна амандманот за етничката определба на граѓаните во личните карти да го поднесе со одложено дејство од 2023 година, очекувајќи Европа да се изјасни за ова прашање. За мене ова е флексибилност на една сериозна партија како БЕСА, но Левица одлучи да го блокира законот. За жал поради ваквата блокада трпат граѓаните. Не се издадени преку 40.000 лични карти. Имајќи предвид дека вака е заглавено ова решение, првата можност е со работа на парламентот од 1 септември да се донесе законот и да се издадат тие лични карти. Втората работа е министерот за правда, заедно со другите надлежни ресори, да изнајдат начин, директно со одлуки, правилници или критериуми, да дадат можност и со истечена лична карта да се гласа. Верувам дека ќе се изнајде решение зошто и во минатото сме имале пракса, поради неможност да се издаде нова, да може да се гласа со личната карта со истечен рок. Но, проблемот не е само за изборите. Голем дел од банките не ги ставаат во функција трансакциските сметки на чии сопственици им е истечен рокот на личната карта па граѓаните не можат да земат пензија, социјална помош и други потреби“, изјави премиерот Зоран Заев.
Сдк.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...