14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаUncategorized @mkСе претставува како Мајк Тајсон- Говрникот кој ја истурка жената од бина,...

Се претставува како Мајк Тајсон- Говрникот кој ја истурка жената од бина, среќа, дадов наредба 10 луѓе да ме чуваат, па кажав се…

Еве ја вистината за ковид, гледајте како ми го земаат микрофонот. Среќа, дадов наредба десет луѓе да ме обезбедат, па кажавме се што треба. Делете турбо, да ги срушиме медиумите! Против нас не можат. Вистината се препознава, Влада лаже, медиуми лажат, доктори лажат – објави на социјалните мрежи говорникот од вчерашниот протест, кој се претставува како Мајк Тајсон.

Човекот кој е актуелен со повеќе профили, под името Мајк Тајсон или Ајрон Мајк Тајсон, а за себе тврди дека наводно е виртуелен воен разузнавач, вчера за време на протестот против ковид мерките предизвика сцена, кога започна турканица со жена која сакаше да му земе микрофонот и да зборува пред присутните, па на крај интервенираа редари.
Инаку, говорникот е познат во јавноста со редовните објави на лажни вести и дезинформации на социјалните мрежи, од приказни од типот дека Мерилин Монро е жива, до разни наводни заговори против човештвото, прскање со отрови, чипирање, отровни вакцини и слично, веќе идентификувани од меѓународната Мрежа за проверка на факти како лажни вести. Од МВР, уште лани во март кога на социјалните мрежи започна еден вид на инвазија од лажни вести на тема корона вирус, ја известија јавноста да не споделува и шири непроверени вести околу вирусот, со кои се создава паника помеѓу населението.

-Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести. Апелираме до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции. За сите потребни информации да се обратат до Министерството за здравство, секторот за односи со јавност во Владата или останатите релевантни институции, кои постојано ја информираат јавноста со обновени податоци неколку пати во текот на денот-информираа тогаш од МВР.

Сепак, и покрај најавеното санкционирање на злоупотребите, на социјалните мрежи се активни низа на профили на корисници, помеѓу кои и оние на говорникот „Мајк Тајсон” кои редовно споделуваат непроверени вознемирувачки содржини, и покрај тоа што истите веќе биле демантирани од повеќе организации, односно оператори за проверка на факти како што се Системот на Светската здравствена организација; платформата NewsGuard; страницата UE VS Desinfo и други.

Вики Клинчарова Fokus

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...