11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаУдавените туристи во Албанија се од Битола, денес бил четвртиот ден од...

Удавените туристи во Албанија се од Битола, денес бил четвртиот ден од нивниот престој во Спиле.

Двајцата туристи од Македонија кои се удавија во морето кај Спиле, Албанија се од Битола.

Како што објави „Топ Ченел“, се работи за граѓани на Битола – Р. Дамковски (77 години) и Ц. Митановски (79), кои шест години по ред летувале во истото место.

Албанските медиуми јавуваат дека двајцата биле блиски пријатели кои на албанскиот брег дошле заедно со група од 52 туристи. По ручекот, тројца од нив влегле во вода, а само еден успеал да излезе.

-Околу 11:25 часот на плажата Спиле, двајца македонски државјани се удавија. Според првичните сознанија причина се големите бранови и срцев удар. Станува збор за М.М (79) и Ц.М.(78), стои во полициското соопштение.

Генералниот секретар на албанската федерација на спасувачи на вода, Гент Ласаку, за „Њуз 24“ изјавил дека двајцата туристи се капеле на јавна плажа и биле дел од туристичка група од Македонија. Им била направена срцева масажа, но за жал безуспешно.

За двајцата битолчани, ова било четврти ден од нивниот престој во Спиле, додаваат од телевизијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...