9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов предизборно се пофали: Набавени се над 130 комунални возила и автобуси...

Шилегов предизборно се пофали: Набавени се над 130 комунални возила и автобуси за четири години

spot_imgspot_img

Градот Скопје денеска ги презентираше комуналните возила и автобуси кои беа набавени во изминативе четири години за потребите на јавните градски претпријатија. На паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ можеа да се видат возила за јавен транспорт, како и различна механизација за одржување на јавното зеленило, за подигање на комуналниот отпад, за одржување на водоводната и канализациската мрежа, за одржување на сообраќајните површини и механизација за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

„ Јавните претпријатија ЈСП, „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Дрисла“ и „Градски паркинг“ заедно, за изминативе 4 години имаат набавено над 130 нови возила. Имајќи предвид дека завршува набавката за нови комбиња во ЈСП и во ЈП „Лајка“ можеме да кажеме дека за еден мандат купивме над 150 нови комунални возила. ЈСП Скопје е побогато за 33 нови МАН автобуси, од кои единечни се 21, а зглобни се 12. Ова се едни од најквалитетните светски автобуси, односно кога ја купуваме механизацијата мислиме на тоа да го одбереме тоа што е најдобро за скопјани“ изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Тој нагласи дека јавните градски претпријатија ЈСП, „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена,“ „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Дрисла“ и „Градски паркинг“ заедно со Противпожарната бригада за изминативе речиси 4 години се побогати за вкупно 134 нови возила и механизација, согласно со специфичните потреби за секоја дејност.

„ Така, „Комунална хигиена“ во изминатиот четиригодишен период има набавено вкупно 51 ново возило. Тука влегуваат 29 камиони за собирање отпад од садови со различен капацитет и вид на отпад, 5 автоцистерни, 5 самоподигнувачи, 10 метларки за чистење на јавни површини и 2 киперa. Кога дојдов јас за градоначалник јавното претпријатие „Комунална хигиена“ имаше 7 прскалки и една дефектна. Во овој момент располагаме со 20-на возила за миење на улиците. За „Водовод и канализација“ за истиот период набавени се вкупно 21 возило од кои 2 цистерни под притисок, 2 цистерни на вакуум, 2 теренски возила, 11 товарни возила, 2 градежни машини – комбинирани и 2 пумпи за канализација. „Улици и патишта“ за 4 години е побогато за 14 возила, од кои 7 товарни возила, 1 товарно возило со корпа, 5 валјаци и 1 нисконосечка приколка. „Паркови и зеленило“ за истиот период има набавено 7 нови возила од кои 1 камион за собирање отпад, 1 кипер, 1 товарно возило, 1 мал утоварувач, 1 ровокопач и 2 четирицикли. „Градски паркинг“ е побогат за 5 возила – пајак и 1 машина за чистење снег.
„Дрисла“ ја вративме во Скопје. Во изминатиот период „Дрисла“ финансиски ја консолидиравме, но успеавме да набавиме и нови 2 теренски возила. И, за крај, она што е најдобро меѓу комуналните возила, тоа е противпожарната скала – прва ваква опрема на територијата на нашата држава, но и прво вакво возило кое што Градот го има купено со свои средства“ нагласи Шилегов.

На новинарско прашање дали во својот мандат набавил ново службено возило за лични потреби, Шилегов рече дека не е приритет на Градот ниту на градоначалникот да купува службено возило за свои потреби. Тој рече дека се вози во „пасат“ стар 10 годиниа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...