8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВо 21 век - тројца министри се фалат со водоводна мрежа

Во 21 век – тројца министри се фалат со водоводна мрежа

Слаба водоводна мрежа или воопшто и да ја нема, слаба струја, недоградени пречистителни станици, неизградени канализациски мрежи. За, жал, и во 21-от век се уште има населени места кои се без соодветна инфраструктура, а жителите постојано посочуваат на проблемите со кои се соочуват.

Но тука се министрите да се пофалат кога ќе „решат“ некој проблем кој инаку не би требало да воопшто постои во 21 век. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, и министерот за економија, Крешник Бектеши, беа во посета на општина Липково, поточно во населените места Лојане, Слупчане и Оризаре.

Во селото Лојане министрите го промовираа почетокот на изградбата на секундарната водоводна мрежа. И во Слупчане беше започна изградба на системот за водоснабдување. Денеска стартуваше и почетокот на работите за реализација на проектот за водоводната мрежа.

По се изгледа, во пресрет на локалните избори, централната власт ги засука ракавите да се „покаже“ пред народот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...