13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Почнуваме со новата кампања

Заев: Почнуваме со новата кампања

Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев ја промовираа националната кампања за вакцинација која гласи „За моментите на среќа! Вакцинирај се!“. Владата конечно започна кампања за вакцинација.

„Сите вакцини се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме колективното здравје. Ова е единствениот начин да почнеме да живееме без ограничување, Така ќе имаме извесна иднина, ќе ја кренеме економијата, ќе ги одмориме лекарите. Вакцините се единствениот начин да спречиме губење на човечки животи“ – изјави премиерот Заев.

Според него, само со имунизација може да го вратиме спокојот и нормалното живеење, а им упати порака на антикваксерите.

„Ќе им упатам порака на антиваксерите – протестот е уставно право, ама исто така и јавното здравје е уставно право. Фактот што дури 90% од новозаразените се невакцинирани, и исто толкав процент од хоспитализираните е показател дека вакцините се ефикасни и безбедни. Обврска на државата е да го штити јавното здравје , затоа мора да го вратиме животот во нормала“ – додаде Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...