7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЛекарите можеле да даваат потврди за невакцинираните вели Заев, јавноста збунета

Лекарите можеле да даваат потврди за невакцинираните вели Заев, јавноста збунета

Конфузија во јавноста предизвика изјавата на премиерот Заев кој истакна дека лекарите можеле да даваат потврди за лицата кои од здравствени причини не смеат да се вакцинираат против корона вирусот.

„Секако, лекарите во секој момент можат да издадат потврда за таквите случаи, за пациенти кои не смеат да се вакцинираат, а Владата ќе го земе предвид тоа“ – изјави вчера премиерот Заев.

Сепак, за ова не се известени ниту матичните лекари кои најверојатно треба да ги даваат тие потврди. Од здружението на матични лекари за Алфа велат дека такви би требало да се носат со консултација со специјалисти, кога станува збор за одредени дијагнози.

„Не треба да правиме притисок, цело време народот да има притисок, каде треба потврда ќе дадеме, но треба да се знае за кои дијагнози станува збор“ – вели претседателката на Здружение на матични лекари Лилија Чолакова Дервишова.

Според др. Лилија Чолакова, целиот товар не може и не смее да падне само на матичните. За таква одлука, треба да се прашаат и специјалистите. Но вели се повеќе доктори препорачуваат, луѓето кои примаат хемотерапија, трудниците и доилките да не брзат со вакцинација.

„Сметам дека за било какви потврди, би биле во договор со одредени специјалисти. Секако, не можеме да го преземеме цел товар, специјалистот треба да каже дали пациентот треба да прими вакцина или не. Има луѓе кои примаат хемотерапија и се во тешка состојба, и не треба да се приморани да ја примат вакцината“ – додава др. Чолакова.

Од Министерството за здравство пак информираа дека нови препораки по ова прашање, се уште немало.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...