11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаД-р Нико: Ако прошетавте летово по охридските плажи, ретко ќе видевте некој...

Д-р Нико: Ако прошетавте летово по охридските плажи, ретко ќе видевте некој со нормална тежина.

Тоа што ни се случува денес во смисла на починати е одраз на тоа што ни се случува во изминатите денови, изјави Беќаровски. Ни се случува голема смртност, тука нема збор, ја надминуваме горната граница, вели доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во изјава за дневникот на ТВ Сител.

Според него, овој сој почесто започнува како гастроескоскопски тегоби. Првин се појавуваат проливи и течни столици, тука веднаш почнуваат со антибиотици, а нападнат е дигестивниот систем од вирусот. Наместо пробиотици, ние даваме антибиотици. Кога ќе се качи температурата на 37,1, сите веднаш даваат парацетамоли, аспирини, кетонали.

Треба да оставиме малку организмот сам да се бори. Внесувајте по неколку литри течности дневно. Сепак одиме со погрешна стратегија. Луѓето не се виновни, тие се исплашени, се зема се што треба и не треба. Мора да имаме јасни протоколи, појаснува Беќаровски.

Докторот оценува дека стануваме земја со се повеќе коморбидитети, кои се поизразени од другите земји.
Ако прошетавте летово по охридските плажи, ретко ќе видевте некој со нормална тежина, ако зборуваме за коморбидитет дебелина. Таа со себе носи дијабетис и хипертензија, додава Беќаровски.

За овој четврт бран на корона, докторот вели дека ќе биде побурен, но помалку ќе трае.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...