8.8 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Големиот број на независни листи на локалните избори покажува дека има...

Заев: Големиот број на независни листи на локалните избори покажува дека има демократија во Северна Македонија

Јасно стоиме на пораката за заеднички настап и меѓусебна поддршка на овие локални избори. Локалните избори се избор на личност и затоа на граѓаните им даваме широка лепеза на избор на кандидати за градоначалници и советници, најави денеска премиерот Зоран Заев.

– Јасно е единството на коалицијата на централно ниво кое се преточува во коалиција на локално ниво која со своите специфики на локалните избори каде се бира личност претставува демократски осврт на оваа владејачка гарнитура. Логично е некаде каде што можеме во првиот круг да се поддржиме, коалициските партнери да се поддржат и се поддржуваме. Таму каде што не може, ќе се поддржуваме во вториот круг. Затоа е јасно како ќе настапиме насекаде во нашата земја, рече Заев во одговор на прашање при денешното означување на почетокот на градба на мостот „Љубљанска” во Скопје.

Иако БЕСА е помал партнер од СДСМ и ДУИ, посочи, и даваме шанса скоро секаде да настапи.

-На тој начин граѓаните имаат опција насекаде да ги изберат најдобрите кандидати и кој од нашите коалициски партнери, вклучувајќи ги и СДСМ, ДУИ, БЕСА, ДПА и другите помалку бројни партии, ќе добие поддршка од граѓаните на нивниот кандидат сите ќе го поддржиме во вториот круг, наспроти опозицискиот кандидат, прецизира Заев.

За него големиот број на независни листи на локалните избори покажува дека има демократија. Смета дека дел од тие листи нема да имаат претставници во локалната власт, а дел по неколку.

-Сепак се многу значајни зашто можат да бидат граѓански експертски осврт на важни проблематики на граѓаните во наредните четири години. Тоа е убавината на демократијата и слободата која ја носи. Ние не ја потценуваме ни една листа. Сите се важни. СДСМ од 2013 година е компактен, но има лица кои одлучија да настапат независно и не ги потценуваме и сметаме дека ќе постанат еден нов квалитет во севкупната живејачка во општините и во државата, порача Заев.

Истакна дека има доволно време до 11 септември, кога истекува рокот за поднесување на листи, за да се направи вистинскиот избор на кандидати на СДСМ за локалните избори.

-Ги правиме деталните анализи и не можам да кажам кој каде останува додека не ја донесеме одлуката. Сите ми се драги и почитувам се што е изработено, прашањето е дали е доволно сработено или не за да се донесе конечна одлука. Тоа на многу прецизен и видлив начин го кажуваат граѓаните преку анкетите. Ветивме дека ќе го понудиме најдоброто и се трудиме да ги понудиме најдобрите, потенцира Заев.

Извор: МИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...