11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЗАЕВ: Не знаеме точно колку Авганистанци ќе дојдат во земјава, бројката постојано...

ЗАЕВ: Не знаеме точно колку Авганистанци ќе дојдат во земјава, бројката постојано се менува, ние имаме поголемо срце од големите држави

Вкупно 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава зашто бројката постојано се менува како што вчера се откажаа дел и заминаа на други дестинации, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, напомена Заев, ќе ја испратиме клучната порака, на солидраност, и ќе покажеме дека мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака вои најтешките моменти.
-Зошто се опредилвме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луѓе, зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партерни да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност., рече Заев, одговорајќи на новинарско прашање по увидот во изградбата на мостот „Љублљанска“.

Заев повтори дека е многу важна подготвеноста на една мала земја, тука, во срцето на Балканот, рамнорпавно со целиот демократски свет, да ја испрати пораката на човечноста и хуманоста.
Премиерот дополни дека од авганистански граѓани прво ќе стигнат миротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години опслужиле 3.500 македонски војници.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...