3.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаКонечно, после 40 години противпожарниот возен парк на Делчево се поднови со...

Конечно, после 40 години противпожарниот возен парк на Делчево се поднови со едно возило

Голема среќа за пожарникарите од делчевската противпожарна единица – добија ново возило после 40 години. Противпожарното возило како што информираа од Општината е од марката ФОРД со ЕУРО 6 стандард, јачина на мотор 243 киловати, односно 8974 ццм, додека капацитетот на резервоарот за вода е 6000 литри.

Возилото е набавено во рамките на грант- средства за успешно реализиран подзаем, а финансиските средства се обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, преку Проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија. Вредноста на противпожарното возило е 7.364.657.3 ден. со вклучен ДДВ.

-Набавката на возилото беше приоритетен проект од спроведената „Урбана ревизија“ и анкета на граѓаните од најсиромашните делови од Општина Делчево кои изминатиот период се соочуваа со голем број пожари, пред сè, шумски пожари кои, за жал, покрај деградација на животната средина, зафатитија и голем број шуми кои беа основен извор за егзистенција на голем број семејства во општината, стои во објавата на фејсбук профилот на градоначалникот Горан Трајковски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...