6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаОнлајн настава или враќање во училиште - родителите поделени

Онлајн настава или враќање во училиште – родителите поделени

Збунетост кај родителите пред стартот на учебната година. Едни сакаат настава со физичко присуство, други се плашат од коронавирусот и бараат децата да им учат онлајн.

„Децата требат со физичко присуство, но поради тоа што доаѓа цунами, имаме секој ден по 30 починати, млади луѓе кои имаат тешки клинички слики, сметаме дека оваа година онлајн наставата треба да се одржи по секоја цена“ – вели Ана Глигорова од Здружение за поддршка на онлајн настава.

Од друга страна, од здружението „Настава и учебници мора да има“, кое брои над 80 000 членови од самиот старт се за настава со физичко приуство. Но тие се против новата концепција и дигитализација на учебниците. Иако министерката веќе ги промовираше дигиталните учебници за четврто одделение, од Здружението велат дека тоа што Министерството го направи без да ја послуша јавноста е повреда на родителските и детските права. Најавија последен обид да ја спречат новата концепција а ќе поднесат претставки и до Уставниот суд.

„Се припремаат претставки до Уставен суд за утврдување на судир на интереси и злоупотреба на положбата, се бара одговорност од министерката Царовска, министерството и колективна одговорност од Владата“ – вели Драгана Спасевска од „Настава и учебници мора да има“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...