9.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМаксим Димитриевски: Не сум предавник, а потребните потписи ги собрав за само...

Максим Димитриевски: Не сум предавник, а потребните потписи ги собрав за само неколку часа !!!

Актуелниот градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски ги собра потребните потписи за независна кандидатура за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври.

Како што информираше самиот на прес конференција, според информациите што ги има до 13 часот, потребните потписи биле собрани во подрачното одделение на Државната изборна комисија.

– Затековме општина со долгови, а дополнително ги решивме тие финанисски проблеми и реализираме голем број на проекти. Мојата цел заедно со мојот тим е да продолжиме на тој пат, да го менуваме Куманово во вистинска смисла на зборот, изјави Димитриевски.

Актуелниот градоначачник не сакаше да дава премногу детали за случувањата во партијата, туку потенцираше дека за да има развој на демократија во општеството, мора првин да има и во политичките субјекти.

Додава дека е отворен за секаков тип на поддршка, вклучително и СДСМ, но изрази жалење што некои поединци во партијата го сметаат за предавство.

– Жалам, искрено жалам што можеби некои поединци оваа го доживуваат на начин како што беше презентирано во јавноста, предавство или беа употребени други зборови. Не се работи за лични амбиции туку за еден континуитет на едно можеби поразлично размислување од група на луѓе кои во моментот имплементираат власт, рече тој.

Вели дека не очекува да биде исклучен од партијата, но тоа треба да одлучат органите на СДСМ.

Не смета дека со овој чекор дава можност опозициската ВМРО-ДПМНЕ да добие повеќе гласови на претстојните избори, со оглед дека гласовите на СДСМ и Димитриевски ќе се поделат.
Извор: ММС

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....

Кривична против маж од кочанско, им се заканувал на полицајци преку Фејсбук

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични...

Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ и светот вака кон нас

❗️Важно е да не одите надвор без да постигнете консензус дома, оти во стартот сте послаби! Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ...