11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаСДСМ: Димитриевски ѝ сврте грб на прогресивната опција, но ние ќе дадеме...

СДСМ: Димитриевски ѝ сврте грб на прогресивната опција, но ние ќе дадеме најдобра понуда за Куманово

Независната кандидатура на Максим Димитриевски за градоначалник на Куманово не може да биде најдобрата опција за кумановци, велат од СДСМ и додаваат дека наскоро ќе го соопштат нивниот кандидат и советничката листа за локалните избори во октомври.

„Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци. За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или било чиј друг личен интерес“,

реагираат од СДСМ.
Димитриевски од денеска ја отпочна процедурата за собирање на потписи за да поднесе независна кандидатура за втор градоначалнички мандат. Тој најави дека во текот на денот ќе каже повеќе детали околу кандидатурата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...