8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЛевица оди во 40 општини, Реџеп Исмаил ќе е носител во Град...

Левица оди во 40 општини, Реџеп Исмаил ќе е носител во Град Скопје

Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев денеска на прес-конференција соопшти дека како партија на претстојните избори ќе му дадат поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски Камиказа. Ова, рече Апасиев, е вин-вин ситуација, затоа што по сите анкети тој го победува актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во сите урбани средини, а она што му фали се гласовите на младите кои партијата ги поседува.

Левица, појасни Апасиев ќе учествува со максимум десет кандидати за градоначалници и четириесеттина советнички листи. Во Град Скопје, советничката листа ќе ја предводи Хактан Реџеп Исмаил.

Тој истакна дека викендов како партија ја финиширале програмата за локалните избори во четириесет општини и Градот Скопје, односно онаму каде ќе имаат свои листи.

-Таа ќе биде испечатена, но не смееме пред кампања да изнесуваме детали, бидејќи досега искуството ни е лошо, затоа што често ни ги препишуваат проектите, рече лидерот на Левица.

Георгиевски, според Апасиев, сигурно влегува во вториот круг.

-Сега за сега анкетите се отпимистички, односно, Перо Камиказа влегува во втор круг, а потоа што ќе се прави ќе се види во тие две недели пред тој да се одржи, истакна Апасиев.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Георгиевски на прес-конференцијата истакна дека еден од поважните проекти, меѓудругите, ќе биде реконструкцијата на Универзалната сала, иако, како што рече, засега не сака да прецизира кои и какви би биле капиталните проекти, затоа што, според него, треба да се види со колку средства располага градот.

За она што планираме, рече, постепено ќе ги информираме граѓаните, а до детали ќе се каже што ќе се прави кога ќе се види колкав е буџетот со кој располага Градот.

Извор: https://www.24.mk/

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...