8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаНиза протоколи за учебната година, Царовска смирува - но дали може училиштата...

Низа протоколи за учебната година, Царовска смирува – но дали може училиштата да ги спроведат во целост?

Додека дел од лекарите советуваат дека е премногу рано за настава со физичко присуство, а училиштата немаат услови да ги спроведат протоколите, неформална група родители од 15 000 членови бараше онлајн настава, министерката Царовска вели дека на средбите со директорите на училиштата не се разговарало за менување на моделот.

Имено, Царовска вели дека денеска ќе има средби со директорите на сите средни училишта од Македонија, но дека на таа средба ќе се раговара само за спроведување на мерките за заштита од Ковид-19 и подготвеноста на училиштата тоа да го овозможат.

– Јас имам во контуинуитет средба со сите директори. основните завршија во среда,четврток и петок. Денеска се договорени сите средни, не само скопските средни училишта и ќе има дискусија по однос на стартот на учебната година, по однос на менување на моделот нема таква дискусија, заради тоа што од локалниот координативен штаб од Тетово пристигна барањето за две недели применување на онлајн настава при што Комисијата за заразни болести утврдува дали одреден модел се менува или не. Комисијата за заразни болести утврдија дека, може да одат со онлајн настава само заради преоптовареност на болницата, но не и заради други параметри. Што укажува на тоа дека денеска нема да се дискутира за промена на моделот на следење настава, туку за почетокот на учебната година – рече минситерката царовкс а по посетата на ООУ „Никола Карев” во Пробиштип.

Дека училиштата не можат целосно да ги спроведат протоколите алармира епидемиологот  Сашко Олумчев. Според него, епидемиолошки, не се исполнети критериумите кои гарантираат безбедност и здравје на учениците, доколку тие сега, во овој период би ја започнале наставата со физичко присуство.

Во услови кои ги нудат нашите училишта, заразата уште повеќе се се прошири. Нема шанси да се спроведе протоколот. Не постојат базични услови за спроведување на овие протоколи во нашите училишта. Далеку е од здрава логика – вели за Фокус др. Сашко Олумчев, епидемиолог во ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...

Тепачка меѓу функционери на ДУИ во Гостивар?!?!

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол. Додека претходно во Струга дошло...

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...