14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Засега нема кривична пријава за лажен здравствен сертификат

Спасовски: Засега нема кривична пријава за лажен здравствен сертификат

Тој нагласи дека секогаш кога се носи некоја одлука постојат луѓе кои бараат начин како да ја заобиколат и да не ја почитуваат.

Воглавно се почитува одлуката за посета на угостителските објекти и затворените трговски центри со ковид сертификат и засега нема кривична пријава за лажен здравствен сертификат, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Контролата за нејзино спроведување ја има Државниот пазарен инспекторат и тој во секој момент може да побара асистенција од МВР или Финансиската полиција. Ако има потреба од заеднички настап тоа го правиме постојано во целиот изминати период за сите контроли кои се однесуваат за заштита на здравјето на населението, рече Спасовски во интервју за ТВ Канал 5.

Тој нагласи дека секогаш кога се носи некоја одлука постојат луѓе кои бараат начин како да ја заобиколат и да не ја почитуваат.

Така е од почетокот на кризата, па до денешен ден. Постои одреден процент на граѓани кои секогаш истакнуваат некакви теории на заговор и непочитување на одлуки не водејќи сметка дека директно си наштетуваат на себеси, семејството и опкружувањето, рече Спасовски.

Нагласи дека веќе е отворен предмет за можна злоупотреба на здравствени сертификати, како што претходно имаше и за лажни ПЦР тестови и ги повика лекарите да не им даваат лажни потврди на граѓаните за да го избегнат вакцинирањето, за кое кажа дека е единствен начин за справување со пандемијата и ги повика граѓаните да се вакцинираат во што поголем број.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...