8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Сите анализи и анкети покажуваат нова победа на СДСМ на локалните...

Спасовски: Сите анализи и анкети покажуваат нова победа на СДСМ на локалните избори

„Сите анализи и анкети покажуваат дека расположението во државата е дека СДСМ со коалицијата се фаворити и на овие локални избори. Очекувам дека со најдобрата понуда што ја имаме во делот на кандидати за градоначалници, советници и програма, како и коалициониот потенцијал ќе имаме победа на престојните локални избори“ кажа министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Тој додаде дека кадровската и програмската понуда за секој општина се подготвува внимателно со цел да се изберат вистинските кандидати и најдобрата програма за граѓаните.

Запрашан за тоа победата во кои општини, СДСМ ќе ја смета за победа на изборите, Спасовски одговори дека тие ја градат Северна Македонија како едно општество за сите во кое сите граѓани се важни.

„Нема неважна општина за СДСМ и коалицијата. Се подготвуваме за максимално добри резултати и убеден сум дека го имаме најдоброто решение за сите општини и Град Скопје“ кажа Спасовски.

Тој доаде дека се уште не се објавени кандидатите за градоначалници на неколку општини бидејќи во тек се внатрешни анализи кои треба да поминат низ органите и телата на паријата.

„Семејството, политичкото семејство, интересот на градот и државата и сето она што значи взаемна политика за сериозен напредок треба да бидат ѕвезда водилка и со таква политика ќе настапиме секаде“ кажа Спасовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...