21.9 C
Ohrid
петок, јули 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДенес му е роденден на Екс премиерот Груевски.

Денес му е роденден на Екс премиерот Груевски.

Денес му е роденден на Екс премиерот Груевски. Премиерот Никола Груевски денеска го прославува 51-иот роденден. Тој е роден во 1970-тата година во Скопје.

Неговиот татко Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција. Тој е доктор на науките во Белградскиот универзитет и пред тоа долгогодишен професор во Шумарскиот факултет на Скопскиот университет. Мајка му Надежда е од Штип, сестра на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија – Јордан Мијалков.

Екс Премиерот Груевски, основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (1994), по што работи во банкарскиот сектор. Се здобил и со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност (1996). Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (12. XII 2006).

Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на Република Македонија (1998) и ја направил првата трансакција на македонска берза.

Груевски е во брак со Боркица од 2007 година, со која има две ќерки, Анастасија и Софија.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Силно невреме го зафати Скопје: Кровна конструкција се заплетка на кабли од далновод.

Поради силното невреме кое го зафати Скопје, дел од кровна конструкција заврши на далновод. Кровната конструкција која ветрот ја оддува се заплетка во каблите од...

Украден калашников од полициската станица во Скопје

Во полициската станица во Карпош украдено е автоматско оружје „калашников“ брифираат извори на Порталикс. Информацијата ја потврди и МВР кои велат дека од 19 јуни...

При контрола на ноќен клуб во Тетово пронајдени 32 жени од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан

Полициски службеници од СВР Тетово при контрола на ноќен клуб во тетовско Горно Седларце на 17/18.07 во периодот од 23:30 до 5 часот изутрината...

Бајден е позитивен на ковид-19, ќе паузира од кампањата

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на ковид-19, потврди Белата куќа. Веста е објавена откако Бајден не се појавил на настан поврзан со претседателската...