7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа што се потрошија 217 милиони евра за 16 дена?!

За што се потрошија 217 милиони евра за 16 дена?!

Благодарение на обврската на Министерството за финансии, дневно да ги објавува буџетските трошоци, согласно членот 8 а од Изборниот законик, кој има за цел да ја елиминира можната предизборна корупција од страна на власта во предизборен период јавноста дозна дека власта потрошила 217 милиони евра за само 16 дена.

Имено, откако спикерот Талат Џафери ги распиша локалните избори на 6 август годинава, па се до пред два дена, Владата потрошила 217 милиони евра.

Овој член во Изборниот законик се додаде додека со земјава владееше ВМРО-ДПМНЕ, со оглед што тогаш опозициската СДСМ тврдеше дека поранешната власт која располага со големи буџетски средства, добар дел од нив ги употребува во давање на разни социјални бенефиции или токму тогаш стартува капитални проекти, или, пак, вработува, само со цел да ја „купи“ наклонетоста на гласачкото тело, а некогаш и директно да го уцени. Со цел да се елиминира или барем да се сведе во подносливи рамки предизборното корумпирање, а под притисок и на меѓународните организации, се донесе членот 8 а од Изборниот законик.

„Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието и изборот на Владата, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје, Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовни плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страна во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Министерството за финансии две недели по распишување на изборите поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки, во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесување на извештајот кој се објавува на веб страната на Министерството за финансии“, се вели во овој член од Изборниот законик.
Целиот текст прочитајте го тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...