9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Ногачески им посака топло добредојде на првачињата во светот на знаењето..

Градоначалникот Ногачески им посака топло добредојде на првачињата во светот на знаењето..

spot_imgspot_img

Први Септември е ден кој е почеток на новата учебна година и секако најрадосниот ден за најмладите
ученици, првачињата, кои за првпат седнуваат во училишните клупи.

 

Денес во ООУ “Дебрца” го одбележавме почетокот на новата учебна 2021/2022 година, со свечен
прием за првачињата.

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата изразив надеж дека и од ООУ “Дебрца” ќе
произлезат успешни и општествено одговорни граѓани, архитекти, доктори, универзитетски
професори, спортисти, градоначалници, а зошто не и нобеловци.

Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој
начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат
во етички силни и здрави морални личности.

Ние како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот
кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во Општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално за
првачињата од Дебрца го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков,
бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари.
Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема
благодарност.
Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, по чија
иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња.
Напиша Ногачески на социјалните мрежи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...