11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонија„Меѓаши“ му забележа на Османи за односот кон децата на Авганистанците

„Меѓаши“ му забележа на Османи за односот кон децата на Авганистанците

Политичките партии и политичките фигури не успеваат целосно да разберат што е најдобар интерес за детето – секоја пригода кога политичар ќе биде фотографиран со дете може да се смета кампања – остро реагира првата детска амбасада „Меѓаши“ му забележа на министерот за надворешни работи Бујар Османи за штипкањето на децата на Авганистанците.

Поради ваквото однесување на шефот на македонската дипломатија, сметаат дека пред локалните избори ваквите гестови кон децата се политичка кампања и дека тие моменти се неетички искористене за промоција.

„Секоја пригода кога политичар ќе се сретне со дете и ќе биде јавно фотографиран може да се смета за кампања! Бараме посочените видеа и фотографии под итно да се повлечат! Крајно време е политичарите кои ги злоупотребуваат децата за политички цели, да сносат одговорност!

Политичките партии и политичките фигури не успеваат целосно да разберат што е најдобар интерес на детето. Тие и понатаму ги користат децата на најразлични начини за добивање политички поени. Секоја пригода кога политичар ќе се сретне со дете и ќе биде јавно фотографиран може да се смета за кампања и повлекува соодветна одговорност и бара јасен одговор кон што или кому тоа фотографирање придонесува.

Дури и во случаи кога се работи за директна заштита или помош на деца, фокусот постојaно треба да биде на она што е потребно да се направи за децата, како и на причините зошто тие деца се наоѓаат во таква тешка ситуација, а не на самите политичари или институции кои помагаат, а тоа впрочем им е и должност. Да не збориме колку е важно да се заштити идентитетот на децата! За жал, најчесто се работи за обиди преку слики со деца да се прави сопствена политичка промоција или промоција на сопствената политичка партија. Затоа, политичарите не треба да ги штипкаат децата, да се сликаат со нив и да им делат подароци пред камерите или да сечат ленти со децата, туку треба сериозно да работат на проблемите кои ги засегаат децата, да го изнесуваат своето мислење и гласно да поставуваат прашања што ја засегаат оваа ранлива група. Да потсетиме дека со години во континуитет повеќе политичари/ки се сликаа со деца или политичките партии подготвуваа видеа во кои децата се главни ликови, а најскорешен настан беше пречекот на децата од Авганистан.

На пр. министерот Бујар Османи наместо да се слика со децата, да ги штипка и да им дели подароци, ќе ценевме доколку и соопштеше на јавноста каква грижа е обезбедена за децата, а не под превезот на солидарност кон децата бегалци од Авганистан да ги инструментализира најмладите за политички маркетинг на чекор пред изборите“, се вели во дел од реакцијата на „Меѓаши“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...