6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаОсвоивме прво место во „Кантер Страјк“ на Европскиот Куп 2021

Освоивме прво место во „Кантер Страјк“ на Европскиот Куп 2021

Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ), во изминатите денови беше дел од големиот европски шампионат European Nations Cup 2021, каде што се играа две дисциплини, Counter Strike: Global Offensive и Pro Evolution Soccer 2021.

За прв пат во историјата на МЕСФ и македонската CS:GO сцена, освоено е златото во меѓународен натпревар. Силните противници од Романија беа поразени со 2:0, а со тоа нашите претставници станаа шампионите на натпреварувањето.

Во периодот од јуни до јули оваа година, се одржа првата „Македонска еспорт игра“, каде се одбраа претставници за шампионатот во кој учество земаа дванаесет федерации.

Покрај победата во CS:GO, Давид Гаревски, нашиот е-фудбалер покажа солидна игра и успеа да стаса до финалето на PES21 натпреварите.

Негов противник во полуфиналето беше Србија, која е најдобра во Европа, па по многу тесна борба, Давид го изгуби натпреварот со 2:0.

Последниот противник на Давид на ова првенство беше Португалија во мечот за трето место. Нивниот дуел заврши со резултат од 2:1, пласирајќи го Давид на четвртото место.

Македонската Еспорт Федерација е формирана во 2009 година, а е членка на Меѓународната Еспорт Федерација и на Европската Еспорт Федерација.

Досега наши учесници биле дел од 15 меѓународни првенства, а ова е првото на кое освојуваме медал.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...