11.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Политичките партии и сите граѓани државата да ја нарекуваат Република Северна...

Заев: Политичките партии и сите граѓани државата да ја нарекуваат Република Северна Македонија

Апсолутно не е коректна употребата на Република С. Македонија и е понижување кон државата и Уставот кажа премиерот Зоран Заев денес на прес-конференција.

„Нашата држава се вика Република Северна Македонија, не Република С. Македонија, и тоа е понижување кон државата и Уставот на државата. Да не го почитувате Уставот на државата и името на својата земја, јас можам да разберам дека некој не се согласува со ваквиот процес, но сите се согласуваме со демократијата и демократијата вели тоа е новиот Устав кој што е изгласен со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашите интеграции во ЕУ и НАТО. Односот кон Уставот на државата кажува секој поединец каков е всушност. Останува на сите поединци пред се на политички субјекти кои што се лош пример, да го променат тоа во иднина затоа што тоа е нашата реалност, тоа беше бреме едно кое што надвиснуваше 27-8 години над нашата земја, ги кочеше идните перспективи, пред се на идните генерации“, рече Заев.

Заев апелира на почитување на Уставот и бара политичките партии и сите граѓани државата да ја нарекуваат Република Северна Македонија.

Сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...