13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаКондовски-Го поканувам кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за Градоначалник уште првиот ден на...

Кондовски-Го поканувам кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за Градоначалник уште првиот ден на кафе за да пуштиме рака, за еден фер плеј на позитивна кампања

Растејќи низ просториите на општинската организација на СДСМ го изградив карактерот според социјал-демокртаските вредности. Денес по разни животни премрежија, професиоинални и лични предизвици, исправен сум пред големиот предизвик, ветувам дека ќе го претворам во успех кој ќе донесе подобар живот во Битола“, рече Христо Кондовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на првиот одржан прес со новинарите.

– Со своето знаење, вештини како докажен и успешен менаџер застанувам пред битолчани со намера своите вештини , способности и контакти да ги ставам во функција на локалната самоуправа. Општина Битола да продолжи по патот на развој и просперитет со забрзана динамика. Мојата намера е да обединувам и да овозможам континуитет на она што досега е сработено во мандатот на почитуваната градоначалничка Наташа Петровска , а да овозможам со што повеќе работа тоа да се надогради и развива во посакуван правец за општина Битола’, рече Кондовски.

Најави дека наскоро пред грѓаните ќе излезат со изборната програма во која ќе бидат вклучени сугестиите и барањате на битолчани што неговите сопартијци ги нотирале на теран.

„Во нашата изборна програма ќе има неколку капитални инфраструктурни проекти, 10 кои ќе бидат поголеми и останатите според теренските испитувања кога сопартијците ги нотирале одејќи од врата до врата и во месните комитети. Ќе ги разгледаме сите работи и ќе го ставиме она што е најдобро за Битола. Динамиката на реализација на тие проекти ќе биде егзактно брза и тоа досега Битола го нема видено’, рече кандидатот.

Запрашан што е најголемиот проблем во Битола, одговори дека тоа е ефикасноста, брзината во работењето.

„Ефикасноста, брзината на работењето. Досега имало добра намера, домаќинско работењето требало само да се изменаџира побрзо. Се менаџирало, не велиме дека не се менаџирало, но трбало уште подобро да се менаџира, треба да се направи некое преструктурирање на јавните претпријатија од аспект на ефикасност“, рече Кондовски.

За инфраструктурата во општината рече дека во изминатите две и пол години е направено многу и дека ќе продолжи со инфраструктурните проекти многу поагресивно што ќе биде забележано во првите две години доколку го добие мандатот.

Истакна дека е татко на три деца, дека семејството му е во Битола, тука му се школуваат децата, неговиот професионален ангажман беше во Битола, пријателите , па сака на секој имот во Битола, на секој граѓанин да му обезбедам додадена вредност во живеењето и тврди дека уште во првите месеци од мандатот битолчани ќе го доживеат тоа.

Кон опозицијата рече дека ќе види позитивна кампања. „Па оној што ќе биде опонент како градоначалник го канам уште првиот ден на кафе за да пуштиме рака, еден фер плеј на позитивна кампања. На битолчани им е смачено да слушаат кој колку нечини, треба да слушаат кој колку ќе работи“, рече Кондовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...