14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЛиндита Никола македонска снаа новата претседателка на албанскиот парламент

Линдита Никола македонска снаа новата претседателка на албанскиот парламент

Линдита Никола ќе биде новата претседателка на албанскиот парламент. Веста во Собранието на Социалистичката партија ја објави самиот премиер Еди Рама. Тој рече дека Никола ќе го замени досегашниот претседател Грамоз Ручи. Рама не штедеше пофалби за г-ѓа Никола.

Линдита Никола македонска снаа стана спикер на Парламентот на Албанија која како македонска снаа одлично зборува македонски јазик.

За јавноста во Македонија ќе кажеме дека Линдита Никола е родена во Тирана, на 22 октомври 1965 година Во 1989 година ги завршила студии на Факултетот за науки и природа, отсек математика на Универзитетот во Тирана. На истиот Универзитет во јули 2010 год. има магистрирала на отсекот Јавна администрација, насока Централна власт. Со политиката се занимава од 2003 година, кога во периодот 2003-2007 е избрана како советник во Советот од на Општина број 1 Тирана Во два мандата (во периодот 2007-2011 и 2011-2013 год), госпоѓа Никола беше градоначалник на Општина број 1 во Тирана.

На изборите од 23 јуни 2013 год. таа беше избрана за пратеник во Собранието на Република Албанија од Тирана. Во периодот од септември 2013 до ма ј2017 год. ја извршува функцијата министер за образование и спорт. На изборите во јуни 2017 год. беше избрана за пратеник во Лежа. Од септември 2017 година, госпоѓа Никола станува член на извршниот комитет на Социјалистичката партија. Нејзината професионална биографија говори дека во меѓувреме, во 2006 година таа има завршено Академија за владдеење и реформа во Институтот за демократија и поврзување (ИДП) во Тирана, додека во јуни 2008 година има завршено Академија на комунитарна колиција и владеење на Универзитетот во Питсбургер, САД.

Приватоста на госпоѓа Никола говори дека таа мажена за проф, д-р Лигор Никола и е мајка на една ќерка. Инаку, нејзиниот сопруг Лигор Никола родум е од село Врница, областа Голо Брдо. Моментално е декан на Факултет за математичко инженерство и физика во Тирана.
Извор:Весник Илинден

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...