14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСтефоска: Повеќето луѓе знаат каде е Сити мол, а не знаат каде...

Стефоска: Повеќето луѓе знаат каде е Сити мол, а не знаат каде е скопскиот Аквадукт

Скопје, 2 септември 2021 (МИА) – Почна првата фаза на конзервација и реставрација на скопскиот Аквадукт, откако неодамна Владата донесе одлука да го прогласи за културно наследство од особено значење.

Според министерката за култура, Ирена Стефоска, заштитата е скапа работа, но не е ништо во однос на ова културно добро.

Стефоска на денешната прес-конференција по повод отпочнување со конзервација на скопскиот Аквадукт, посочи дека е еден од последните на Балканот кој е сочуван во целина. Но за жал, како што рече, не можеме да се пофалиме дека тоа е по наша заслуга
.
Затоа, го нареков ремек дело на старите градители кој што им пркосело на вековите, на природните непогоди, на војните и на луѓето. Сега имаме шанса тоа да го исправиме, тоа и го правиме. Неодамна Владата донесе одлука за прогласување на Аквадуктот за културно наследство од особено значење под категорија исклучително значење поради тоа што овој величествен споменик поседува вредности не само од големо национлано значење, туку тој му припаѓа и на човештвото, рече Стефоска..

Затоа, според министерката, скопскиот Аквадукт го доби највисокиот степен акт на заштита. Тоа, како што рече, овозможува трајно зачувување на неговите вредности во културна и во историска смисла, заштита на архитектурата и на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот.
Со тоа, подвлекува министерката, конечно почнува и неговата физичка заштита.

-Аквадуктот не е градежен материјал за несовесните и несвесните, ниту пак е сеф со некакво скриено богатство за крадците. Напротив, самиот аквадукт е скапоценост. Убедена сум дека институциите ќе го вложат сето знаење и умешност во неговата заштита, рече Стефоска.

Таа напомена дека имаме обврска Аквадуктот да го промовираме пред светот, кој ја препознава вредноста на овие споменици и ги става на туристичките мапи како атрактивни дестинации.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...