10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаВечерва Македонија-Ерменија, квалификациите за СП ќе отворат ново поглавје за Македонската фудбалска...

Вечерва Македонија-Ерменија, квалификациите за СП ќе отворат ново поглавје за Македонската фудбалска репрезентација

Македонија по две победи и пораз со шест бода од мартовскиот старт на мундијалските квалификации, го пречекува стариот познаник Ерменија, во првиот од трите меча со директните конкуренти кои се надеваат најмалку за второ место и бараж, па колку и да е главната цел на Милевски како селектор и на ФФМ за втор настап на ЕП во 2024 година, од оваа генерација во моментов се очекуванајмалку до крајот на циклусот да останат конкурентни за тоа второ место, па и за пласма во баражот.

Милевски и дел од актуелниот тим пред четири години први го кршија мразот со настапот на младинското Еуро 2017, по што почна ренесансата на македонскиот репрезентативен фудбал со кулминација на најголемиот успех, настапот на континенталниот шампионат летово на А-тимот. „Децата“ кои пред шест години тргнаа да го градат успехот во младинската селекција сега веќе пораснаа, созреаа, потенцијалот на националниот тим е уште поголем, а оттаму и притисокот после убавите години уште поголем за Милевски, да се продолжи и да се надградат досегашните успеси со уште поголеми.

„Иако кратко беше времето и не успеавме до крај да ги пренесеме нашите идеи и замисли јас сум оптимист, зашто од тоа што го очекував уште попозитивно бев изненаден од односот на сите и тоа ме прави уште поголем оптимист за мечот, зашто верувам во нивниот професионализам, квалитетот и фактот дека сите се добри карактери. Досега А-тимот функционираше на индивидуалниот квалитет, но сега целата концентрација е да функционираме како тим“, вели Милевски.

Извор: спорт1.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...