7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаД-р Марковски: Децата да одат во училиште, ама маски да не носат,...

Д-р Марковски: Децата да одат во училиште, ама маски да не носат, зашто маските можат да ги зголемат шансите од горнореспираторни инфекции

spot_imgspot_img

Професорот и инфектолог во врска со состојбата со Ковид и почетокот на учебата година со физичко присуство д-р Вело Марковски со свои ставови:

Децата да одат во училиште, пишува докторот.

Децата да одат во училиште
Одлуката за почеток на учебната година со физичко присуство за учениците во основните училишта е сосема оправдана.
Кои се научните сознанија и дали децата помалку се разболуваат од КОВИД 19. Од почетокот на пандемијата евидентно беше дека децата воопшто не се разболуваат од КОВИД 19 и ако се разболат поминуваат со лесна клиничка слика. Бројни епидемиолошки студии потврдија дека и кога се разболуваат скоро никогаш во едно семејство не се разболува детето/децата. Што значи дека воопшто не е оправдана згариженоста дека децата се тие кои ќе го пренесат САРС КоВ 2 вирусот на возрасните. Науката се потруди да даде научно објаснување зошто е тоа така. Иако сеуште дефинитивно не е сигурно кое е научното објаснување, се почест е ставот меѓу научните кругови дека тоа се должи на различната хистолошка градба на респираторниот епител кај децата за разлика од возрасните. Поголема генетска импресија за интерферон алфа кај децата, разликите во базалниот епител, можност а за многу побрз раст на базалниот епител кај децата…се само дел од разликите во хистолошката градба. (https://www.biorxiv.org/content/10.1101/2020.04.20.027144v1.full)
Голем број на научници тргнаа да бараат и разлики во бројот на рецепторите за САРС КоВ 2 вирусот. Имено, се знае дека рецептори за кои се врзува САРС КоВ 2 вирусот се АЦЕ 2 рецепторите кои ги има на повеќе клетки во организмот (респираторен епител, дигестивем епител, бубрези, крвни елемнти…) Општо познато е дека вирусот надвор од клетка не може да опстане а за влез во клетка му се потребни рецептори (места за кои може да се врзе и да влезе во клетката). За влез во респираторни клетки потребно е присуство на АЦЕ 2 рецептор (ензим за конвертирање на ангиотензин 2) и и трансмембранска серинска протеаза 2 (TMPRSS2). Бројни научни трудови во престижни списанија објавија резултати од нивни истражувања со кои докажуваат дека бројот на овие два рецептори во горнореспираторниот епитле кај деца е двојно помал од оној кај возрасни. Исто така, кај деца е двојно помал и бројот на овие рецептори и во алвеоларниот епител (долнореспираторен епител) (https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7263492/) (https://www.nature.com/articles/s41598-021-88944-8.pdf?origin=ppub)
(https://fn.bmj.com/content/fetalneonatal/early/2021/05/13/archdischild-2020-321334.full.pdf)
Што значи ова? Ако нема доволно рецептори вирусот не може да влезе во потребниот број од инфективната доза и затоа децата не се разболуваат. Немањето доволно рецептори во алвеолите исто така објансува зошто децата кои ќе се разболат не развиваат пневмонии. Од друга страна, овој статистички значителен, помал број на рецептори за САРС КоВ 2 вирусот е причина за многу подолга инкубација (ако сепак вирусот навлезе во респираторен епител на децата), покрај подолгата инкубација, значително се продолжува времето на ослободување на генерации вируси кои би се размножиле во клетката, ова значително помало ослободување на вируси кај инфицирани деца значи децата купуваат време и на овој начин, имунолошкиот ситем успешно се справува со овој не многу голем број на вируси. Крајниот резултат е или болест со лесна клиничка слика или тивко имунизирање без симптоми.
Значи да резимирам, постојат научно потврдени докази зошто децата не се разболуваат од КОВИД 19 или ако се разболат поминуваат со лесна клиничка слика, и второ поради ова децата не се ризик ни за разбилување на возрасните. Сосема спротивно е кај грипот, каде децата се главните пренесувачи на болеста, но ова е друга болест, од друг причинител и со други патогенетски механизми и затоа не можат и не важат епидемиолошките мерки кои ги споведуваме за грипот.
Ова се научните согледувања и сосема е оправдано децата да одат во училиште. При тоа треба да се обезбедат услови за настава во помал број, на пример одделенијата да не бидат поголеми од 15 деца (во две училници по 15 деца) да се скраат часовите, да се зголемат одморите, наставата да се изведува со отворени прозори или во школските дворови се додека дозволуваат временските услови.Треба да се мери телесна температура секој ден, да има обезбедено услови за дезинфекција на раце, течен сапун во секое ВЦ… Маски децата да не носат. Зошто, затоа што маските не се потребни за заштита од САРС КоВ 2 вирусот ( децата немаат или имаат мал број на рецептори) а маските можат да ги зголемат шансите од горнореспираторни инфекции од бактериит екои децата ги носта како свој анормална флора. Не е безначајно да се подсетиме дека до 40% од децата (од регион до регион, од студија до студија…) во горнорпсираторните патишта носат стафилококус ауреус, покрај другите условно патогени бактерии. Секако, и ние можеме да дадеме придонес во науката со тетсирање на децата на присуство на антитела, односно во колкава процент нашите деца се самоимунизирале кон КОВИД 19. Од сето ова јасно е дека и вакцинирањето на децата е сосема не потребно а поради значителен процент на нескаани ефекти од поедини видови вакцини, вакцинирањето може да има штетни последици.

Скопје 31.8.2021 год Проф др Вело Марковски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...